| |
|
|
| |
Накратко за паркот |
|
| |
На осумдесетина км од Скопје, на патот Куманово - Крива Паланка, кај
селото Гиновци се наоѓа ресторан на езеро со Зоо и детско игралиште,
идеално место за љубителите на спортскиот риболов, но и за семејни
викенди во идилично опкружување на богатиот свет на природата.
Комплексот Парк ги привлекува не само љубителите на природата, туку и
гурманите на најразлични специјалитети,
традиционални јадења подготвени во фурни и под вршник, крап подготвен
на неколку начини, разни видови риба, првокласна скара, пити, домашно
лепче, кратко речено јадења кои ке ги
задоволат
и најпробирливите сладокусци.
Парк Гиновци е истотака
погоден за одржување на семинари, конференции, семејни прослави и разни
свечености. Наскоро ќе бидат пуштен во употреба и бунгаловите кои ќе
овозможуваат повеќедневен престој на гостите. Комплексот „Парк во
Гиновци“ зафаќа површина од вкупно 5 хектари, на која се сместени
ресторан, детско игралиште, неколку езерца, зоолошка градина и дворот,
кој е уреден како парк.
Особено импресивно
изгледа поплочениот двор, со многубројните цвеќиња засадени наоколу,
покрај масите, по патека до сплавот и пред зоолошката градина. Над
сплавот се наоѓа мало црквиче, „Свети Павле“.
Малата зоолошка, е
омиленото место за најмладите посетители - децата. Во мало езерце, кое е
поврзано со поголемото со тесно каналче пливаат патки, лебеди и други
птици. Во кафезите има зајаци, џуџасти кози, пони коњчиња, ноеви, нутрии
и други преставници од животинскиот свет. Во посебен кафез се сместени
шарените и бели пауни како и фазаните.
Децата најмногу ги
посакуваат пони коњчињата, со кои поминуваат добар дел од времето додека
нивните родители се одмораат во ресторанот, сплавот и летната бавча.
Околу целото езеро е
направена пешачка патека со клупи за седење, по која посетителите имаа
можност да се шетаат и одмораат покрај жални врби, трски и останатиот
растителен свет.
Ресторанот има три
дела. Едниот е покриен и затворен кој може да се користи и во зима, има
капацитет од 150 места. Дрвен сплав на вода и брод кои се
најпосакуваните места на посетителите во летниот период со капацитет од
150 места. И летна бавча со капацитет од 200 места.
Извор (вклучувајќи слики): официјалниот сајт на
Парк Гиновци (2012)
|
|
|
|
|